| Жените шират нозе кога некој тип им се допаѓа |
|
|
|
|
Научниците кажуваат дека најдобар показател дали на една девојка и се допаѓа некое машко е тоа колку таа ги шири своите нозе додека разговара со него. Ако жената ги мрда своите нозе и ако нејзините нозе се раширени, тогаш машкото ја привлекува. Ако ги прекрстила своите нозе тоа не е добар знак. До овој заклучок дошол проф. Геоф Бити, еден од најдобрите британски психолози. "Многу често луѓето се свесни за своите реакции на своето лице или реакциите кои ги покажуваат со рацете, меѓутоа многу често не се свесни за тоа како нвните нозе се движат и какви пораки праќаат", тврди Бити. "Ако и се прекрстени нозете додека се смее - не е добро", заклучил професорот. Ако мажот е нервозен тој ги мрда своите нозе, додека кај жената овој ефект е спротивен. |


